Поп-пејачката Тамара Тодевска ја промовираше својата најнова песна „Нијагара“, која ја испеа на српски. Музиката и текстот се на Лазар Цветковски и Тамара, која првпат се јавува како текстописец. Песната е во модерен ритам, а спотот го режираше Огнен Шапковски.
„Нијагара“ е за сите луѓе кои во одреден момент се почувствувале ранливо, да знаат дека на крајот има решение, а тоа е да продолжиме со борбата. Станува збор за брза, динамична песна, со порака во која многумина ќе се најдат.“, вели Тамара. Видеото се снимаше во Скопје, а во него се појавува само поп-пејачката.
„За првпат и јас се јавувам како еден од авторите на текстот и музиката, заедно со мојот долгогодишен соработник и пријател Лазар Цветковски“, додава Тодевска.
The post (Видео) Тамара промовира нова песна и спот : „Нијагара“ е за сите кои се чувствувале ранливо appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде