мај 11, 2026

Се испокењавме за демек тунелот за бегство од Идризово, сите станавме комичари во обид, го искористивме за мал милион споредби, за партијашки ниски удари….
А на никој не ви текна да прашате “Каде се десетте приколки земја која би требало да е исфрлена со копањето на тунелот!?
Во џепови ги прошверцувале тие што одат на викенд и на одмор!?

Иван Исцелител со супер моќи ги префрлил на друга локација!?

По милионити пат не работат како бавча!

Кој црн тунел, кое црно бегство????

Ама ете, пуста желба за лајна јадење го заслепува човекот и не му дава да ја види големата слика, а на лукавиот му проаđа фората!

Додека не замајуваат со “тунелот од Шошенк”, се отвараат нови “тунели” кои никогаш нема да бидат откриени и чие “копање” и “одржување” ние ćе го платиме, а надлежните ćе си припишат поени за “пронајдената” канализациона шахта…

Конечниот епилог :

И ВОЛКОТ СИТ И ОВЦИТЕ НА БРОЈ!!!

The post Игор Југ за тунелот во Идризово: Добро никој не праша каде се исфрлија десетина приколки земја од копањето? appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK