мај 11, 2026

Ова се просториите каде осудениците во Идризово ја спроведувале нивната операција за бегство преку подземен тунел. Во овие простории затворениците доаѓале кога биле пуштани на шетање да си ги протегнат нозете. Затворската полиција ретко, или никогаш, не влегувала во овие објекти. Тие вчера беа срушени со цел тунелот да се открие и да се изјаловат плановите на затворениците.
Од фотографиите, кои ги објави Алсат ТВ, може да се види и кофата со која била извлекувана земјата, како и кабелот кој им служел да си го осветлат патот под земја. Земјата најверојатно завршувала во контејнетите кои се наоѓале во близина на овој објект, кој порано служел како работилница и како остава за јаглен.

The post Нема повеќе да бегаат од затворот Идризово: Денес ја бетонирана дупката од каде се копал тунелот !!! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK