мај 11, 2026

Министерството за внатрешни работи соопшти дека битолската полиција вечерва го привела 54 годишниот В. А од Прилеп кај кого е пронајдена сомнителна материја.

Инаку, како што наведуваат повеќе медиуми В. А. е наставник во основно училиште.

-На 22.03.2023 во 18.20 часот во Прилеп од страна на полициски службеници од СВР Битола, надворешна канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп при преглед кај В. А.(54)од Прилеп била пронајдена бела грутчеста материја. Лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, се наведува во соопштението на МВР.

Инаку, ова се случува само неколку дена откако македонската јавност ја брануваше веста за големата полициска акција во Скопје при што беше уапсена наставничка од основното училиште „Александар Македонски“ во Аеродром поради нејзина инволвираност во трговија со дрога.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK