мај 8, 2026

Водителот Димитар Атанасовски кој веќе се жалеше дека има проблем со килограмите, се соблече за да покаже колку ослабел. Рече дека за една година успеал да стигне до посакуваната форма.

„Нека стои ова овде. Само за да се потсетам секогаш кога нема да ми се станува за на тренинг и кога ќе сакам да ја изедам пола маса“, рече Димитар кој објави фотографија и каков бил пред една година.

„Процесот е долг и е секогаш потешкиот пат, ама споро, полека, си ги покажува ефектите. И нормално, мора да веруваш во него, што би рекле“, додаде тој и објасни дека уште е далеку од менталната фотма и нивото на спремност.

За потсетување, Димитар тренира кросфит, а сподели и неколку фотографии од тренингот. Во брак е со познатата пејачка и хафистка Сара Мејс, со која во јули минатата година го добија синот Кирил, а ја имаат и ќерката Илина.

 

The post Димитар Атанасовски: Нека стои сликава за да се потсетам секогаш кога ќе сакам да изедам пола маса appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK