мај 8, 2026

Принцот Вилијам бил виден во геј ресторан во Полска. Ги изненади и гостите, но и сопственикот на ресторанот во Варшава кои објавија фотографии на „Инстаграм“. Вработените рекоа дека Вилијам нарачал храна за помалку од 10 доалри.

Вилијам ја посети Полска за да ја поддржи земјата бидејќи им помага на бегалците раселени од војната во Украина. Се сретна и со британските и полските војници кои се на украинско-полската граница.

„Ги праша што прават и ги замоли да дојдат со него“, рече извор за „Дејли Мејл“ и додаде дека тим од кралската палата го резервирал локалниот ресторан во близина на местото каде работеле.

„Тоа беше одлична ноќ. Ги почасти сите“, рече изворот за британските таблоиди. Според информациите кои ги сподели сопственикот на ресторанот, Вилијам нарачал сендвич со свинско.

Вилијам на идење ги поздрави и пофали војниците што ја поддржуваат Украина на патот кон слободата, пренесе „Дејли Мејл“.

The post Принцот Вилијам во геј ресторан во Полска appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK