По одличните деловни резултати, кои беа постигнати неодамна, Amazon се подготвува за нови потфати.
Џеф Безос и Амазон наводно се подготвуваат да влезат на територијата на која доминира Google, поточно пазарот на интернет прелистувачи.
Желбата на Amazon е на корисниците да им понуди нов и поинаков интернет прелистувач. Секако, главната цел на прелистувачот е да земе дел од пазарот на кој моментално доминира Google Chrome.
Целиот потфат беше започнат со интерна анкета, во која учествуваа вработените во Амазон.
Не долго после тоа, компанијата им понуди слична анкета на своите корисници.
Во 2011 година, компанијата го објави својот веб-прелистувач, наречен Silk, кој во тоа време беше малку ограничен во однос на функциите и служеше повеќе како додаток на некои други решенија што ги создаде Amazon.
Не се знае многу за новиот веб-прелистувач на Amazon, но се сугерира дека ќе поддржува основни функции, како што се синхронизација, приватност, можност за купување онлајн преку Амазон, екстензии и друго.
The post Amazon подготвува изненадување, влегува во трката со Google appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде