Министерството за внатрешни работи (МВР) е пред откривање на лицата кои стојат зад лажните дојави за поставени бомби кои со месеци пристигнуваа на електронските адреси на основните и средните училишта во Скопје и повеќе други градови во државата. Според министерот Спасовски, станува збор за македонски државјани кои се меѓусебно поврзани и кои ги закупувале „ВПН“ адресите во Иран и Русија од каде пристигнуваа заканите. Тој најави дека истрагата набрзо ќе биде завршена, а осомничените ќе одговараат за тероризам.
Според информациите на „Телма“, на осомничените, кои се меѓусебно поврзани, полицијата им влегле во трага, следејќи ги финансиските трансакции за закуп на „ВПН“ адресите во странство.
Околу хакерските напади на државните институции и дојавите за бомби во нив, но и во резиденцијални објекти и трговски центри, МВР чека на информациите од странските безбедносни служби, но според Спасовски има напредок.
Досега МВР успеа да открие двајца малолетници кои од своите телефони или домашни лаптопи испратија дојави за поставени бомби во училишта во Скопје. Против двајцата се поднесени кривичени пријави за тероризам, но во првиот случај Обвинителството го преквалификуваше делото во поблаго.
Советот за координација на безбедносни служби формираше оперативен тим кој ги изработи мерките кои се во склоп на новиот протокол кој стапи на сила на почетокот на овој месец, а кој предвидува заклучени капии на училишните дворови, физичко присуство на полициски службеници на влез од училиштата и забранет влез на сите надворешни лица во училишните дворови и превземање на учениците од родителите исклучиво на единствениот функционален влез на училиштето обезбеден од полицијата.
Следете не, не има насекаде