мај 13, 2026

Пејачката и глумица Лејди Гага е видена на снимањето на новото продолжение на „Џокер“ во кој ќе го глуми ликот Харли Квин. Новото продолжение Joker:Folie à Deux се снима во Њујорк, а папараците ја снимија пејачката на скалите на њујоршкиот Врховен суд на Менхетен.

Го носеше препознатливиот костим на Харли со црвено сако и кариран горен дел. Во улогата на Џокер и овој пат ќе глуми Хоакин Феникс, кој за оваа улога во 2020 година доби Оскар. За продолжението малку се знае, но познато е дека треба да излезе во октомври 2024 година.

Гага се појави уште во неколку филмски улоги, но нејзиниот најголем успех е во филмот Shallow од 2018 година во кој глумеше со Бредли Купер.


The post Објавени првите фотографии со Лејди Гага како Харли Квин во „Џокер“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK