април 20, 2024

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на градот изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции.

Како што соопшти МВР, изречени се и 17 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за непрописно престројување на возила, шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), пет санкции за некористење сигурносен појас…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK