ноември 21, 2024

Лоциравме цел еден кластер на лица. Сите се повикани на разговори во полициски станици и одземени се нивните мобилни телефони и се продолжува на обезбедување докази при нивното вештачење.

Спасовски: Лоциравме цела група на лица за дојавите за бомби, веќе се повикани во полиција

Сметаме дека овој кластер ги прави овие дојави во повеќе училишта – секако дека постојат и други, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во гостувањето на утринската емисија на МТВ.

„Апсолутно не дозволивме да се случи било какво нарушување на мирот и безбедноста на наставниот кадар и учениците. Целта на хибридната војна е да предизвика неспокој и да ги троши институциите на системот. Сите максимално посветено работевме“, вели Спасовски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK