Македонското друштво “Илинден” -Тирана се јави со реакција на одлуката на албанското Министерство за култура, откако како што велат не бил прифатен проект од интерес на Македонците во Република Албанија.
Остро реагираме и изразуваме огромно незадоволство од одлуката на Министерството за култура на Република Албанија според која не е прифатен единствениот проект предложен од нашето друштво. Повикот за финансирање на проекти беше објавен од Министерството за култура на 25 јануари и траеше до 25 февруари годинава. Се јавивме со свој предлог-проект кој целосно ги застапува интересите на македонското малцинство во Албанија, вели Никола Ѓурѓај претседател на друштвото.
Тој потенцира дека Македонците, во овој случај, реагираат за “несовесен и крајно дискриминаторски однос на Министерството за култура кон македонско национално малцинство во Република Албанија”.
– Македонците се лојални граѓани и ги плаќаат сите даноци кон албанската држава, но пари за културни активности на лојалните граѓани со македонско етничко потекло во Република Албанија, нема, разочарано посочува тој.
The post Македонците во Албанија дискриминирани од албанското Министерство за култура appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде
