декември 5, 2025

Кавадаречкото музичко дуо Тања и Мики Тра Ла Ла и годинава ќе ги израдува матураните од Тиквешијата со бесплатни настапи, но и со донирање на хонорари на матуранти од семејства од социјален ризик, со цел да си купат свечена гардероба за прославата.

Музичарите кои се сопружници, веќе втора година по ред продолжуваат со оваа хумана мисија, на која се сетиле лани, кога биле ангажирани да им пеат на матурската забава на десеттина матуранти на самохрани родители, а тоа го направиле без хонорар, сакајќи да им ја разубават вечерта.
Од оние матурски забави, за кои добиле хонорар, истиот им го донирале на матуранти, а со средствата тие си купиле свечена гардероба од кавадаречки бутици.
Извор:FOKUS

The post Дуото Тања и Мики Тра Ла Ла бесплатно им пеат на матуранти од социјално загрозени семејства во Кавадарци! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK