септември 26, 2024

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 18 години за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, осомничениот, ученик во четврта година во средно училиште, неовластено заради продажба држел 171,72 грама марихуана, која ја набавил од лице со неутврден идентитет. Дрогата ја препакувал и ја подготвувал за препродажба. Во неговиот дом била откриена и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.​ 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK