мај 13, 2024

Спиењето е неопходно за сите телесни функции, а недостатокот на сон може да го зголеми ризикот од голем број здравствени состојби како што се срцеви заболувања, дебелина, дијабетес и депресија. Но, колку долго човек навистина може да остане буден?

Според податоците од 1963 година, 17-годишниот Ренди Гарднер не спиел вкупно 11 дена и 25 минути, со што го поставил светскиот рекорд за најдолго време што некој останал буден.
Исто така, има информации дека Роберт МекДоналд успеал да остане буден 18 дена и 22 часа во 1986 година, но не бил внимателно следен од научници или лекари за време на соборувањето на рекордот.
Бидејќи се работи за не баш здрав потег, од 1997 година Гинисовата книга на рекорди не сака да учествува во овој подвиг, за да не ги охрабрува луѓето да носат нездрави одлуки.

Важно е да се напомене дека лекарите ја нагласуваат важноста на спиењето, најмалку 6 до 8 часа спиење во ист интервал на секои 24 часа, иако се свесни дека многу луѓе не го почитуваат ниту тоа, што особено се однесува на студентите кои знаат како да поминат 24 часа без сон.
Истражувањата за ова никогаш не биле правилно спроведени, бидејќи се смета дека е нехумано да се тестира на луѓе. Меѓутоа, истражувањето било спроведено на стаорци во 1989 година кога било докажано дека овие животни можат да останат без сон помеѓу 11 и 32 дена пред да умрат.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK