Српската старлета Сораја Вучелиќ бременоста ја помина во тајност, далеку од јавноста и медиумите, а откако се породи им се врати на своите следбеници на социјалните мрежи. Сега со нив редовно споделува моменти од приватниот живот.
Таа во емисијата „Премиерен викенд специјал“ зборуваше за промените, семејниот живот, но и за бебето од кое не може да се одвои.
„Сега сум комплетна. Ја надополнв мојата среќа. Не можам да се преправам дека сум незадоволна од тоа како изгледа Кан. Станувам на секои два часа, се зависи од бебето, обично одам да спијам во 10, а се будам кога треба да јаде. Тоа е слатка болка“, рекла Сораја, која го опишала својот мал син Кан како прекрасно дете кое не плаче.
Вучелиќ откри дека не планирала да има дете, но дека сака деца. Сега кога е мајка, вели дека нема ништо поубаво од бебе.
„Би сакала Кан да има брат, мислам дека повеќе сум за машки деца. Најмалку уште два, ако се три. Тоа е моја желба. Да знаев дека бременоста е толку лесна, немаше да чекам толку долго. Ќе направам се за моето дете, се ќе му овозможам. Пред се сакам да му подарам љубов, но ќе се трудам ништо да не пропуштам. Секогаш велев дека нема да бидам строг родител, но веќе сум љубоморна кога некој го држи или храни. Веќе имам име и за братот на Кан. Планирам и женско име, ако е женско“, изјавила таа.
Таа објаснила и зошто решила да има приватна бременост далеку од очите на јавноста.
„Го исклучив Инстаграмот затоа што сакав да уживам во бременоста и да се посветам само на неа. Би сакала засекогаш да ги исклучам тие мрежи за да не се разоткривам“, рекла Сораја која изјавила дека едвај чека да порасне бебето за да уживаат заедно.
Вучелиќ изјави дека на нејзиниот партнер му пречи нејзиното изложување во медиумите. „Би сакала да паднам во заборав, претпочитам да бидам анонимна. Никогаш не сонував за луксузен живот, се ми се случи спонтано. Сега кога Кан дојде на свет, јас сум комплетна. Едвај чекам да се вратам дома за да го гушнам“, искрено изјавила српската старлета.
The post Сораја за мајчинството: синот ме направи комплетна, сега сакам да станам анонимна appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде