септември 25, 2024

Јапонската древна медицина вели дека секој прст е поврзан со одреден орган во телото, како и дека за подобрување на работата на некој орган и за отстранување некои вообичаени здравствени проблеми, какви што се главоболката и запекот, можеме да влијаеме преку одреден прст.

 

 

 

Всушност, секој прст на раката, според алтернативната медицина, е поврзан со некој орган и со одредена физичка болка. За да ја отстраните таа болка, истријте одреден прст и многу брзо симптомите би требало да се ублажат или дури да исчезнат.

 

Доволно е само 60 секунди триење за да ја почувствувате промената на подобро.

 

Објаснување кој прст со кои проблеми е поврзан:

 

Палецот е поврзан со срцето и со белите дробови. Масирајте го овој прст кога ќе почувствувате дека срцето ви чука (пре)силно и кога ќе се задишете и ќе останете без воздух.

 

Показалецот е поврзан со бубрезите и со бешиката. Масирајте го овој прст кога ве мачи запек или пролив. Масирајте го и во случај да имате проблеми со слезината и со желудникот.

 

Средниот прст е поврзан со жолчното ќесе и со црниот дроб. Масирајте го овој прст кога ве мачи несоница, мигрена или кога во текот на возењето ќе почувствувате мачнина.

 

Четвртиот прст е поврзан со дебелото црево. Масирајте го овој прст ако ве мачи главоболка, мигрена и вкочанетост и болка во вратот, што може да биде последица на слаба циркулација.

 

Малиот прст е поврзан со тенкото црево. Масирајте го овој прст кога ќе почувствувате немир и нервоза.

 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK