септември 25, 2024

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против Ф.С.(27) од Синѓелиќ, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот бил уапсен денеска и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-На 30 јануари, во казино на улицата „Жан Жорес“ во населбата Маџари, осомничениот со употреба на огнено оружје и сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на двајца оштетени одзел 22.500 денари. Откако претходно изгубил парични средства додека играл на ВЛТ апарати, тој излегол од казиното и си заминал, но по кратко време се вратил и од под јакната извадил автоматска пушка. Оружјето го насочил кон оштетените вработени и го репетирал, влегол зад пултот и побарал да му ги дадат парите. Еден од вработените му дал паричен износ од 22.500 денари по што осомничениот си заминал, велат од ОЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот​.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK