Илон Маск повторно го нападна Бил Гејтс, а овој пат причината е концептот на Гејтс за вештачка интелигенција.
„Се сеќавам на раните состаноци со Гејтс“, напиша Маск на Твитер. „Неговото разбирање за вештачката интелигенција беше ограничено. И понатаму е така“.
I remember the early meetings with Gates. His understanding of AI was limited. Still is.
— Elon Musk (@elonmusk) March 27, 2023
Маск го објави овој твит како одговор на твитот на еден корисник, кој го посочи влијанието на Гејтс врз OpenAi и неговиот целокупен став кога станува збор за вештачката интелигенција.
Во блог пост неодамна, Гејтс истакна дека вештачката интелигенција може да ја трансформира работната сила, здравството и образованието.
Гејтс изјави дека се состанува со тимот на OpenAI од 2016 година, а последен пат тоа го направи во септември 2022 година. Не е познато дали на тој состанок Гејтс бил во својство на повремен советник на Мајкрософт, со оглед на тоа што не е во управниот одбор на компанијата од 2020 година.
Од друга страна, Илон Маск е ко-основач на OpenAI и е еден од функционерите во Силиконската долина кои инвестирале 1 милијарда долари во компанијата во 2015 година.
Маск и Гејтс имаат долгогодишно ривалство. Двајцата милијардери првпат почнаа да се расправаат во 2020 година, кога не се согласија за сериозноста на пандемијата на коронавирус.
The post Маск: Гејтс е ограничен appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде