септември 25, 2024

Поранешната шефица на обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска, вели дека нема да му се извини на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски за нејзината вчерашна изјава дека имала притисоци за да се откаже од случајот „Софтвери“.

– Нема зошто да се извинувам, бидејќи воопшто не го навредив, ниту пак за кој било друг кажав клевета и во ниту еден момент во интeрвјуто не спомнав дека понудата што ми беше дадена за унапредување беше условена со тоа да запре постапката – одговори Русковска.

Рашковски денеска преку отворено писмо до суспендираната обвинителка Вилма Рускоска побара извинување

– Понудата која ја добив за унапредување не беше условена со запирање на истрагата против Рашковски, особено што таа беше во рацете на моја колешка, и не ја водев јас – вели обвинителката Русковска.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK