септември 25, 2024

Советниците на Левица бараат споменикот на Андон Лазов-Ќосето со кама в рака да се постави во Општина Аеродром. На вчерашната седница на Советот на Општина Аеродром, од советниците на Левица беше поднесена Иницијатива за поставување на споменикот на револуционерот Андон Лазов-Ќосето на територијата на општината, поточно во паркот во Горно Лисиче. Ова нивно барање беше поддржано и од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и иницијативата се прифати.

„Тој споменик без разлика која власт го поставила е платен со народните пари и не заслужува фаќа прашина во некое депо на Градот Скопје и да биде камен на сопнување и играње пинг понг помеѓу институциите за дневно политички поени“, стои во образложението на Левица.

Постапка за враќање на Ќосето прва почна градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Таа пред еден месец достави барање до Општина Центар да се даде согласност за почнување постапка согласно која би почнала процедурата за враќање на Ќосето на истата локација од која беше тргнат.

Градоначалникот Горан Герасимовски ѝ одговори дека барањето го доставила на погрешна адреса, односно дека треба согласнот да добие од Собранието бидејќи согласно Законот за меморијалните споменици и спомен-обележја, надлежностите за подигнување на споменици се наоѓаат во Собранието, додека Општините можат да подигнуваат спомен-обележја само за личности и настани од локално значење.

„Ќосето нема никаква врска со Општина Центар ниту пак е лик од локално значење и оттаму ова прашање не може да се третира на општинско ниво“, стои во одговорот на Герасимовски до Арсовска.

Споменикот на контроверзниот Андон Лазов-Ќосето (1855-1953), беше поставен пред судовите во 2014, кога градоначалникот беше Коце Трајановски. Ќосето е еден од петте споменици кои Град Скопје ги доби како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.

Но каде е ВМРО И ЛЕВИЦА да застане на чело со народот и конечно да се подобри судството здравството во Македонија?!?
Зарем се средивме во оваа држава па остана уште споменикот да го вратиме додека секој ден стотици млади ја напуштаат оваа држава?!??

The post Наместо ЛЕВИЦА и ВМРО да се борат за народот, тие бараат сега споменикот на ЌОСЕТО да се поставел сега во Општина Аеродром. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK