септември 25, 2024

Ве молам за внимание!

Како што имав навестено по повод велигденските празници, почињаме со акцијата за собирање помош за семејства на Уставобранители. Собирањето помош ќе се состои во собирање храна, облека за деца и финанскиска помош за едно семејство.

Од храна…
Потребни се сувомесно, зденка, маслинка, кашкавал, сирење, конзерви (туна, паштета, нарезак), тестенини,тетрапак млеко, тегла салати (цвекло, руска и слично), супи и слично. Храна која ќе има подолг рок на траење.

Финанскиска помош за едно семејство е потребна, и секој кој сака да донира и помогне нека ме контактира во инбокс да му оставам податоци од трансакциска од семејството.

Овај пат собираме помош и во облека, за помали дечиња. Облека која нема да е носена, без разлика колку и да е чиста и зачувана., Сакам на тие дечиња да се потрудиме да им купиме облека која ќе е нова и ќе направи да се чуствуваат поубаво и топло од емоции за време на празниците. Никој не бара брендови и скапа облека, напротив, облека која ќе е нормална и со пристапна цена за секој. Тие деца заслужуваат да одвоиме по малку за да добијат маичка, тренерка, блузичка или што и да е, и да е соодветно подарено.

Потребна е облека за …
Женски дечиња четири, едно од 5, две по 13 години и 1 од 16 години.
Машки дечиња четири, две по 5 години, едно 8 и едно 16.

Вашето споделување на овај статус, е исто така од голема важност и помош

Браќа и сестри, кој колку може и што може, и сите заедно да придонесеме да разубавиме и олесниме велигденските празници на луѓе кои премногу дадоа за Македонија.

Благодарам на вашето внимание

Организацијата е народот и народот е организацијата СИТЕ ШТО САКААТ ДА ДОНИРААТ И КАДЕ ДА СЕ ОБРАТАТ ПРИТИСТНЕТЕ ТУКА- КРИСТИЈАН ЈАДРИОСКИ

The post Јадриоски: По повод Велигденските празници, започнува акцијата за собирање помош за семејства на Уставобранителите. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK