септември 24, 2024

Општина Битола објави јавен повик за избор на идејно решение за новогодишно украсување на градот за новата 2024 година, иако до декември има уште седум месеци.

Повикот е наменет за сите креативи граѓани, здруженија на граѓани и фирми, кои можат да креираат и да понудат идејно решение за новогодишно украсување на градот кај Старата чаршија, Широк сокак од Саат кула до улица Партизанска и на сите кружни текови во градот.

Секој учесник, односно група на учесници може да учествува во повикот со поднесување на идејнo решениe за сите наведени локации. Идејното решение се доставува на електронската адреса: culture@bitola.gov.mk најдоцна до 15 мај 2023 година (15:30 часот). Во прилог на идејното решение потребно е да бидат наведени податоци за подносителот – име и презиме, контакт телефон.
Понудувачот согласно расположливите материјали кои ќе можат да се набават/изработат во државата, ќе треба да достави скици со изглед, димензии, бои, тип и моќност на светлосен детал прицврстен на украсот/групата на украси, можност за приказ на слики во електронска форма на изработениот украс/група на украси за соодветната локација, предмер-пресметка за материјалите и работните активности со реални цени на пазарот и слично“, се вели во јавниот повик.

Согласно критериумите за избор, идејните решенија треба да бидат уникатни со концепт, да бидат креативни и да не потсетуваат на веќе изведени решенија, да бидат лесно изводливи и да не бидат скапи за изведба, декоративните елементи и украси кои треба да се приклучат на струја да бидат опишани од технички аспект (материјал, активност и време на изработка, начин на прицврстување/монтажа, маса, моќност на потрошувачка, начин на електрично поврзување и степен на заштита).

Пристигнатите идеи ќе бидат разгледувани од страна на посебна Комисија формирана за оваа намена од страна на Градоначалникот на Општина Битола, а најдобрите 3 решенија ќе бидат парично наградени со 180.000 денари за прво место, втората награда ќе изнесува 80.000 денари, а третата 40.000 денари.
Извор: А1 он

The post Додека другите резервираат за на море, Општина Битола среде април објави повик за новогодишно украсување appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK