септември 24, 2024

Дали често спиете со чорапи кога надвор темепратите паѓаат под нулата? Кога ќе прочитата какви се компликации може да предизвика оваа навика, два пати ќе размислите пред да се фатите за топлите чорапи пред спиење…

 

 

 

 

Хирургот Армен Авакјан открива за кого оваа навика може да биде погубна. Во некои случаи и кај одредени пациенти таа може да предизвика инфекција, па дури и некроза, односно одумирање на ткивото. Тој посебно издвојува неколку категории кои во никој случај не би требало да спијат со чорапи на нозете.

 

Лоша циркулација

 

Првенствено тоа се лица кои имаат пореметена циркулација во стапалата. Ним често им се ладни нозете што е и причина поради која носат чорапи на спиење. Но, постојат и други начини да ги загреат ладните стапала. Еден од најлесните начини е туширање наизменично со топла и со ладна вода која ја поттикнува циркулацијата.

 

Опасна навика за диајбетичарите

 

Доктор Авакјан исто така предупредува дека оваа навика е и тоа како опасна за дијабетичарите бидејќи постои ризик од микроангиопатија. Тоа е болест на васкуларниот систем која се одликува со дисфункција на капиларите и развој на патолошки промени во нивната структура. Се јавува поради болест на внатрешните органи што доведува до некроза на ткивата, тромбоза и сл.

 

„Со таква болест се намалуваат и заштитните својства на кожата на нозете, а циркулацијата на крв во долните екстремитети практично е непостоечка во споредба со здравите луѓе. Носењето чорапи ноќе кај тие луѓе може да доведе до инфекции кои не се лекуваат. Во најлош случај може да дојде до гнојно-некротични заболувања и до некроза“ – истакнува д-р Авакјан.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK