септември 24, 2024

АД Државна лотарија на Република Северна Македонија вчера регистрираше уште една компанија, во која овој пат косопственик е австрискиот гигант за приредување игри на среќа ХТЛ, дознава „Фактор“. „ХТЛ Македонија“ е фирма-ќерка на Новоматик и ги поседува Мастербет и МА Гаминг во земјата. Новоматик директно го поседува гевгелиското казино коцкарница Макотен.

Новата фирма на АД Државна лотарија и „ХТЛ Македонија“ се вика Нова државна видео лотарија – Ново ВЛТ Доо Скопје и според името може да се заклучи дека дејноста ќе се концентрира на ВЛТ апарати.

Во моментов не е познато како се распоредени уделите, бидејќи станува збор за друштво со ограничена одговорност, а според регистрацијата може да се види дека вкупната основна главнина е 10 милиони евра и дека друштвото е регистрирано на адресата на седиштето на ХТЛ Македонија.

АД Државна лотарија на РСМ веќе е косопственик на една компанија заедно со партнер од Австрија. Државната видео лотарија на Македонија е во сопственост на Државната Лотарија на Македонија и на Касинос Аустриа Интернационал Македонија. Државна видеолотарија на Македонија – Касинос Аустриа ДОО Скопје(ДВЛМ) е трговско друштво со ограничена одговорност за приредување игри на среќа.

За управител на Нова државна видео лотарија – Ново ВЛТ е назначен Ванчо Зунзуровски. Членови на Надзорниот одбор се Перпарим Бајрами, Артин Спахију, Сашо Богдановски, Ленче Петреска и Омер Буњаку.
Фактор

The post Државната видео лотарија влезе во бизнис со уште еден австриски гигант за игри на среќа appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK