септември 24, 2024

Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ донираше оперативен микроскоп на Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје, кој специјалистите на Клиниката ќе го користат во хируршки услови за изведување микрохирургија.

Донацијата во име на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, во присуство на министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити и заменик министерката, д-р Маја Манолева ја предадоа членовите на Фондацијата, д-р Венко Филипче и Славица Заева.

„Даваме поддршка за развој и подобрување на условите за работа на болниците и клиниките. Нашите лекари, специјалисти, хирурзи, заслужуваат најсовремена опрема за работа, а пациентите комплетна дијагностика и третман“, кажа д-р Филипче.

Од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија изразија благодарност до Фондација „Заев – Едно општество за сите”, за нивниот голем придонес за здравството во нашата држава.

Клиниката располага со хирурзи едуцирани за реконструктивна микрохирургија во водечките центри за микрохирургија во Европа, со новиот микроскоп од најпобаруваниот бренд во светот ќе им се овозможи на пациентите врвна здравствена услуга на ниво на светските стандарди.

The post Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ донираше оперативен микроскоп на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK