ноември 23, 2024

Руското раководство се подготвува за продолжена војна во Украина, така што сите земји-членки на НАТО кои го поддржуваат Киев мора да продолжат да обезбедуваат оружје за украинската армија сѐ додека (Владимир) Путин не сфати дека не е во состојба да победи на бојното поле, изјави за АФП генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг, пренесува БТА.

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

„Не треба да ја потценуваме Русија, таа планира долга војна“, порача шефот на НАТО.

Според него, сè уште нема знаци дека рускиот претседател се откажал од својата цел да добие контрола врз Украина.

„Гледаме дека тие (Русите) мобилизираат повеќе сили, подготвени се да поднесат многу жртви, се обидуваат да добијат повеќе оружје и муниција“, додаде Столтенберг. Во овој контекст, тој изрази уверување дека Путин е подготвен да ја продолжи војната со нови офанзивни операции.

Сојузниците на НАТО, предводени од САД, испратија оружје во Украина во вредност од милијарди долари, а тоа му помогна на Киев да ја промени својата позиција во борбите, забележува „Укринформ“.

„Најверојатно оваа војна ќе заврши на преговарачка маса, како и повеќето војни“, констатираше Столтенберг, но истовремено потенцирајќи дека секоја одлука мора да го гарантира суверенитетот и независноста на Украина.

Најбрзиот начин да се постигне тоа, вели генералниот секретар на Алијансата, е да се поддржи Украина со оружје, со цел „Путин да разбере дека не може да победи на бојното поле и дека мора да седне и да преговара со добра волја“, рече Столтенберг.

Извор: МИА

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK