декември 26, 2024

Левент Ѓокташ, еден од атентаторите на турскиот писател и историчар доц. д-р Неџип Хаблемитоглу во декември 2002 година, фатен е во Бугарија на 1 септември, по што турските власти побараа негова екстрадиција

Левент Ѓокташ, еден од атентаторите на турскиот писател и историчар доц. д-р Неџип Хаблемитоглу во декември 2002 година, бугарските власти ѝ го предадоа на Туркије.

Д-р Хаблемитоглу е убиен на 18 декември 2002 година пред својот дом во Анкара, главниот град на Туркије. За Ѓокташ, еден од атентаторите, е издадена црвена потерница, по што тој е фатен во Бугарија.

Ѓокташ синоќа околу полноќ со авион од Софија пристигна во Истанбул, каде го презедоа припадниците на турската полиција.

Ѓокташ помина лекарски преглед во цивилната административна канцеларија на аеродромот Истанбул. Потоа Високиот казнен суд во Анкара преку видео и аудио информациски систем (SEGBIS) му ја соопшти одлуката за одредениот притвор.

Атентаторот Ѓокташ беше приведен од бугарските власти на 1 септември откако за време на рутинска контрола на сообраќајната полиција во градот Свиленград, во близина на бугарско-турската граница, е утврдено дека по него е распишана потерница.

Пет дена подоцна, турското правосудство упати официјално барање до Бугарија за екстрадиција на Ѓокташ под обвинение за „убиство“ и „формирање организација“ во рамките на истрагата што ја води Канцеларијата на главниот обвинител во Анкара.

Судот во бугарскиот град Пловдив на 14 декември го прифати барањето на Туркије за екстрадиција на Ѓокташ.

AA

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK