септември 22, 2024

Кинески научници открија дека мирисот на нов автомобил може да предизвика смртоносни болести, како, на пр., рак.

Истражувањето траело 12 дена, при што испитуван бил неименуван хибриден теренец чија внатрешност била исполнета со елементи од пластика, вештачка кожа и ткаенина. Според стручњаците, таа комбинација произведува опасни материи, вклучувајќи и бензен и формалдехид, коишто можат да предизвикаат рак, акутна миелоидна леукемија и други сериозни болести.
За време на експериментот, автомобилот бил паркиран подалеку од други возила.

Во кабината се забележани 20 хемиски испуштања. Во истовреме, концентрацијата на некои од нив во автомобилот се покажала многу висока, особено онаа на бензен, формалдехид и ацеталдехид.
Овие хемикалии можат да предизвикаат вртоглавица, отежнато дишење и гадење кај патниците. И покрај фактот дека количината хемикалии не ја надминува границата на кинескиот стандард за безбедност, научниците тврдат дека истовременото ослободување на овие супстанции може да предизвика рак.

Уште понепријатната информација е дека тоа може да се случи и по само половина час престој во внатрешноста на возилото.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK