септември 22, 2024

ЈП Улици и патишта Скопје  ги известува граѓаните дека на ден 21.04.2023г. (петок) и 22.04.2023г.(сабота) на улица Даме Груев во насока од крстосницата со улица Димитрие Чуповски до улица Македонија ќе биде воведен времен режим на сообраќај во периодот од 8ч. до 15ч. поради изведба на градежни активности за реконструкција  на коловозот, односно машинско гребење на оштетениот асфалт на улицата Даме Груев.

Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а поради изведба на градежните активности ќе бидат затворени двете коловозни ленти.

ЈП Улици и патишта Скопје  апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK