септември 21, 2024

Стриминг сервисот Нетфликс неодамна објави трејлер за новата документарна серија „Кралицата Клеопатра“, во продукција на Џејда Пинкет Смит. Уште пред да почне да се емитува серијата, предизвика големи контроверзии, особено во Египет.

Жителите на оваа земја се незадоволни од тоа што кралицата Клеопатра VII во документарната серија била претставена како црна Африканка.

Захи Хавас, истакнат египтолог и поранешен министер за антиквитети, изјави за весникот Ал-Масри ал-Џум: „Ова е целосно лажно. Клеопатра била Гркинка, што значи дека имала светла кожа, а не црна“.

Г-дин Хавас рече дека единствените владетели на Египет за кои се знае дека биле црнци биле кралевите Кушити од 25-тата династија (747-656 п.н.е.), пренесува Би-Би-Си.

„Нетфликс се обидува да предизвика конфузија со ширење на лажни и погрешни факти дека црнците стојат зад египетската цивилизација“, додаде тој и ги повика Египќаните да ги кажат своите ставови за Нетфликс.

Адвокатот Махмуд ал Семари поднесе жалба до јавниот обвинител во неделата барајќи од него да ги преземе неопходните правни мерки и да го блокира пристапот до услугите на Нетфликс во Египет.

Тој изјави дека серијата вклучува визуелен материјал и содржина што ги прекршува египетските закони за медиуми и го обвини Нетфликс дека се обидува да промовира афроцентрично размислување кое вклучува слогани и написи насочени кон искривување и бришење на египетскиот идентитет.

Продуцентите на серијата, сепак, тврдат дека за наследството и потеклото на египетската кралица сè уште се дебатира, а Џејда Пинкет Смит, која ја продуцира серијата и е нејзин наратор, сè уште инсистира дека Клеопатра е „црната кралица“.

Адел Џејмс, која ја игра Клеопатра во серијата, им порача на критичарите дека ако не им се допаѓа кастингот, да не ја гледаат серијата и откри дека во последните денови добила многу расистички пораки на социјалните мрежи.

Клеопатра е родена во египетскиот град Александрија во 69 п.н.е. и таа била последната кралица на династијата Птоломеј, основана од Птоломеј, еден од генералите на Александар Македонски. Таа го наследила нејзиниот татко Птоломеј XII во 51 п.н.е. и владеела до нејзината смрт во 30 п.н.е. После тоа, Египет потпаднал под римска доминација.

Идентитетот на мајката на Клеопатра е непознат, а историчарите велат дека е можно таа, или која било од нејзините други женски предци, да била родна Египќанка или од друго место во Африка.

 

The post Египќаните лути на Нетфликс, затоа што кралицата Клеопатра е претставена како црна Африканка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK