септември 21, 2024

Песната „Отрове“, која Северина ја отпеа во дует со колегата Јала Брат, достигна 100 милиони прегледи на „Јутјуб“. И двајцата се пофалија на „Инстаграм“:„Скромни 100 милиони“, напиша хрватските пејачи.  Песната има најмногу прегледи на Јутјуб-каналот на хрватската пејачка. По неа е песната „Фалиш“ која пејачката ја објави лани во соработка со бугарскиот пејач Азис и за тој сингл собраа 64 милиони прегледи за една година.

„Отрове“ беше објавена во март 2017 година како втор сингл од нејзиниот албум „Хало“, кој излезе две години подоцна. Песната за Северина ја напиша Јала Брат. Спотот, во режија на Петар Пашиќ, е снимен на неколку локации во Белград, меѓу кои и „возот на мирот“, попознат како Синиот воз на Тито.


The post Песната „Отрове“ на Северина достигна 100 милиони прегледи на „Јутјуб“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK