септември 21, 2024

Синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ денес дојде во породилиштето и ги земе сопругата Богдана и синот Крстан. Богдана се породи пред четири дена во приватна клиника во Белград, а Вељко дојде да ги однесе дома. Боксерот дојде во тренерки на кои го има грбот на бившата гарда на неговиот покоен татко Аркан.

Грбот со „Аркановите тигри“, го имаше и на колевката со која Вељко го зема Крстан. Со истата колевка Вељко дојде и на првото породување на Богдана, за да го земе нивниот прв син Жељко.

Богдана ги воодушеви присутните, излезе во крем плетен комплет тренерки, со наочари на лицето, а на новинарите кратко им одговори дека е одлично.

За потсетување, семјството Ражнатовиќ направи гала прослава во вилата на Дедиња по повод раѓањето на Крстан, а за истата Цеца платила половина милион динари.

 

 

 

The post Вељко со синот излезе од породилиште, Богдана не ја симна насмевката од лицето appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK