септември 21, 2024

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски, ги покри трошоците за карантинот на фудбалерите на Вардар, пред гостувањето во Охрид кај Воска. Натпреварот ќе се игра во недела, а од клубот на Вардар му се заблагодарија на Ристовски.

„Фудбалскиот клуб Вардар јавно искажува благодарност до капитенот на Македонската фудбалска репрезентација, вардаровото дете, Стефан Ристовски за несебичната помош и поддршка за својот матичен клуб благодарение на која експедицијата на Вардар ќе замине во карантин пред претстојниот важен натпревар во недела каде во мир и соодветни услови ќе се подготвува за предизвикот кој го очекува“, рекоа од Вардар.

За потсетување, Ристовски за Вардар играше до 2010 година и има настапено на 23 натпревари. Потоа направи трансфер во Парма. Во недела, Вардар ќе може да ја намали предноста на Воска, кој е прв на табелата со 59 бода и има три бода предност пред црвено-црните.


The post Капитенот на Македонија Стефан Ристовски им го плати карантинот на фудбалерите на Вардар во Охрид appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK