ноември 21, 2024

Турско беспилотно летало „Бајрактар ​​Аканџи“ ја тестираше првата хиперсонична турска ракета воздух-земја, објави „Хуриет дејли њуз“, посочувајќи дека тестирањето било успешно.

Ракетата ТРГ-230 ја разви компанијата Рокетсан со седиште во Анкара и успешно ја погоди целта на оддалеченост од 100 километри од местото на лансирање.

– Бајрактар ​​Аканџи успешно ја погоди целта со TRG-230-iHA, првата турска хиперсонична ракета развиена од Рокетсан, од далечина од 100 километри, изјави шефот на производителот на дронови Бајкар Селџук Бајрактар.

Дронот полетал од градот Чорлу во Источна Тракија и поминал растојание од околу 700 километри до предградието на црноморскиот град Синоп.

Според производителот, проектилот има ефективен дострел од 20-150 километри.

Неделава првиот лет го изврши и турскиот суперсоничен беспилотен ловец „Бајрактар ​​Кизилелма“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK