септември 21, 2024

На 20.04.2023 во 18.00 часот било пријавено дека на регионален пат во атар на с.Ќојлија, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Х.(19) од с.Ќојлија, и патничко моторно возило “даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Р.(60) од с.Долно Коњари.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Х.Р. кој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде починал, а смрт била констатирана од страна на лекар. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Х. и сопатник од возилото “даеву матиз“ Љ.Г.(63) од Скопје, констатирани во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’“, велат од МВР.
Со телесни повреди се здобиле уште двајца сопатници од возилото “сеат ибица“ А.Д.(22) и И.Д.(24) двајцата од Скопје констатирани во Комлексот клиники “Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK