септември 21, 2024

Американската амбасада во Скопје целосно се оградува од договорот на македонската влада со „Бехтел и Енка“. Наспроти убедувањата на владејачкото мнозинство дека страшкиот партнер има одлучувачка улога во спогодбата со американско-турскиот конзорциум, дипломатијата на САД во Македонија во одговор за телевизија Алфа тврди дека понекогаш може да советува за деловната клима, но не презема никаква улога во преговорите или условите што ги преземаат двете страни во договорот.

,,Бехтел не е ентитет на американската влада и ова не беше договор на американската влада. Иако Амбасадата на САД не е вклучена во одредувањето на исходот од приватните инвестиции, поттикнувањето на економскиот развој и комерцијалното партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија останува една од примарните мисии на Амбасадата. Амбасадата понекогаш служи како советодавен капацитет за деловната клима во Северна Македонија за американските компании кои сакаат да се прошират овде, но не презема никаква улога во преговорите или диктира услови за каков било договор. Прашањата за преговарачкиот процес и резултатите треба да се упатат до преговарачките страни”, стои во одговорот на амбасадата на САД во Скопје за Алфа тв.

The post Амбасада на САД во Скопје: Целосно се оградуваме од договорот со „Бехтел и Енка“ appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK