Министерката за надворешни работи на Германија Анелана Бербок истакна дека е против завршување на специјалната воена операција во Украина, доколку последиците од прекинот на огнот се условите што ги бара Русија.
Министерката за надворешни работи на Германија Аналена Бербок изјави дека е против прекин на огнот во Украина под руски услови.
„Тоа нема да стави крај на ужасите за граѓаните на Украина“, рече Бербок во изјава за „Билд ам Зонтаг“, пренесува Танјуг.
Таа посочи дека доколку тоа го сака рускиот претседател Владимир Путин, конфликтот, според неа, би можел да биде прекинат уште утре.
Сепак, Бербок наведува дека нема вистински индиции за повлекување на руските трупи.
„Најтешката ситуација е за граѓаните на окупираните територии“, додаде шефот на германската дипломатија.
„Таму нема само струја и топлина, дури ни меѓународна помош не може да помине“, заклучи Бербок и нагласи дека граѓаните на Украина живеат во страв од злоупотреба и убиства од страна на Русите.
Минатата недела Бербок зборуваше за актуелните настани на Косово велејќи дека враќањето на српската војска на Косово е неприфатливо.
Бербок на Твитер напиша дека Косово ги намали тензиите со одложување на изборите, но „неодамнешната реторика на Србија“ го направи спротивното.
„Косово ги намали тензиите со одложување на локалните избори. Неодамнешната реторика од Србија го направи спротивното. Предлогот за испраќање српски сили во Косово е целосно неприфатлив, како и последните напади врз ЕУЛЕКС.
Целата моја поддршка оди на дијалогот што го води пратеникот на ЕУ Мирослав Лајчак“, заклучи Бербок.
Следете не, не има насекаде