Еден од двајцата украински тенисери кои кренаа пушка опиша како изгледа војната во Украина.
Украинските тенисери Алекс Долгополов и Сергеј Стаховски се ставија на располагање на својата татковина веднаш штом започна војната во Украина, а својата популарност ја искористија за да побараат помош од пријателите и колегите. Исто така, тие беа многу гласни во критиките кон сите оние кои отворено не ја поддржуваа Украина, а во исто време успеваат да дадат интервјуа во живо од бојното поле, во кои го информираат народот како и до кој степен се постигнува напредок во одбраната на државата.
„Глувци има насекаде, нема тоалети, користевме дупка како када за да се бањаме, додека пак, водата ја загревавме за да се капеме…“, изјави Доглуполов за британскиот таблоид „Дејли мејл“ и додаде: „Тоа е село од кое побегнале повеќето луѓе. Остана само една постара жена која ни даваше грозје. Оттаму тргнавме во мисии“.
„Војната е целосен хаос“, вели Александар Доглополов, кој контролира беспилотни летала за време на војната и без влакна од јазикот зборува за страдањата на руските војници:
„Тенисот ме подготви за живот. Размислувам брзо и можам да донесувам одлуки под притисок. Не ме фаќа паника. Многу работи што ги научив во тенисот – ги користам во војна. Сите ние сме прилагодливи суштества, прво сте во шок, потоа се смирувате и си ја работите работата. Грешките може да ве чинат живот.”
Долгополов рече дека никогаш до март не држел пушка, а оттогаш испукал најмалку 10.000 куршуми, додавајќи дека освен во контрола на беспилотни летала, учествувал и во борби на бојното поле. Но, беспилотните летала се приоритет:
“Треба да бидете паметни за Русите да не ги забележат дроновите. Комплицирано е. Знаете дека сакаат да ве убијат, а вие мора да ги убиете. Понекогаш тие ги соборуваат нашите, понекогаш ние нивните. Гледам што се случува и моравме да ги убиеме непријателите од друга единица што ни се блиску. Ги убиваме нивните луѓе со дронови од 50 или 100 метри. Тие не се пред вас, но вие сепак мора да ги убиете и да бидете внимателни“.
Следете не, не има насекаде