Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, денеска ги повика муслиманите ширум светот да се обединат против НАТО.
,,Го повикуваме исламскиот свет и сите разумни луѓе да се обединат против нашиот заеднички непријател“, напиша Кадиров на социјалните мрежи.
Тој изјави дека НАТО претставува глобална закана и ги обвини САД и ЕУ дека се движечка сила зад десетиците војни, воени удари и инвазии, кои чинат милиони животи.
,,Не дозволувајте НАТО да ви дава наредби затоа што ќе ви ги газат татковините“, рече Кадиров.
Следете не, не има насекаде