ноември 22, 2024

Мајкл Џ. Фокс, ѕвездата од трилогијата „Назад во иднината“, повеќе од 30 години се бори со Паркинсонова болест, а во последно време неговата здравствена состојба е сè полоша. Глумецот мора да движи со помош на инвалидска количка. Во интервју за „Сандеј морнинг“ на „Си-би-ес“, призна колку му е тешко.

„Да, смртта тропа на вратата. Нема да лажам. Секој ден е сѐ потешко“, и објасни на новинарката Џејн Поли.

Направил операција за отстранување на бениген тумор на ‘рбетот, но процедурата го попречила неговото одење и скршил други делови од телото, вклучувајќи ја раката, лактот, коската на лицето и раката.

Објасни и дека паѓањето е големиот убиец во Паркинсоновата болест, а може да се појават и проблеми со џвакањето храна и пневмонија.

„Не се умира од Паркинсонова болест. Се умира со Паркинсонова болест. Затоа размислував за смртноста од оваа болест“, раскажал тој.

Болеста му била дијагностицирана во 1991 година, кога имал само 29 години и бил еден од ретките во светот кого го погодила на многу рана возраст. Седум години ја криел дијагнозата од јавноста, а најпосле, конечно објаснил зошто го направил тоа.

„Се плашев дека може да ми се смеат ако дознаат дека ја имам таа состојба. Знаете, тоа беше навистина чудно време. Затоа седум години го чував за себе”, рече Фокс за „Би-би-си“.

Актерот има голема поддршка од неговата сопруга Трејси Полан, со која се ожени во 1988 година и ги имаат близнаците Аквина и Шујлер, ќерката Есма и синот Сем.

The post Мајкл Џ. Фокс проговори за борбата со Паркинсоновата болест: „Нема да дочекам 80, секој ден ми е сè потежок“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK