Осум години е возраста на детето кое било силувано од двајца малолетници, кои грозоморниот чин го снимале со мобилен телефон, а потоа видео-снимката ја праќале на своите познаници, но, не го објавиле на социјалните мрежи, објави ТВ Телма повикувајќи се на извори од истрагата.
Двајцата осомничени малолетници се на возраст од 10 и 13 години. Откако дознала, мајката на силуваното дете случајот веднаш го пријавила во полициската станица Бит пазар.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека со малолентиците бил извршен информативен разговор во полициската станица, во присуство на нивните родители. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски денеска во изјава за Телма вели дека случајот е веќе документиран, поднесена е соодветна пријава и оти целиот случај сега е во надлежност на Основното јавно обвинителство Скопје и Центарот за социјални работи.
„Преземени се соодветни мерки и активности и веднаш во полициската станица извршен е службен разговор со малолетниците, но и со родителите затоа што станува збор за малолетници кои се под 14 години. Случајот е документиран и поднесен е соодветен поднесок до обвинителство. Отсега случајот е во надлежност на Основното јавно обвинителство и Центарот за социјални работи, вели Ангеловски.
Од ОЈО Скопје велат дека се известени за настанотслучајот, но бидејќи станува збор за деца помлади од 14 против нив не може да биде поведена постапка за кривична одговорност и за случајот ќе постапува Центарот за социјални работи.
„Основното јавно обвинителство Скопје е известено за настанот. Пријавените деца се помлади од 14 години, па со оглед на тоа се исклучени од кривична одговорност. Центарот за социјални работи ќе го повери случајот, велат од ОЈО Скопје.
Од Центарот за социјални работи за телевизијата изјавиле дека веднаш разговарале со децата и дека отсега Центарот ќе работи и со децата и со нивните родители.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека не станува збор за прв ваков случај и во генерална смисла апелерираат до родителите повеќе да внимаваат на активностите на нивните деца на социјалните мрежи.
Следете не, не има насекаде