октомври 15, 2024

Кругот на луѓе со кои Џефри Епштајн се запознал, како регистриран сексуален престапник е поширок од претходно објавеното, дознава „Волстрит журнал“, повикувајќи се на документите и распоредот кој го имал осудениот педофил.

Меѓу споменатите имиња го има и на директорот на ЦИА Вилијам Барнс, Ноам Чомски, поранешната советничка на Обама, Кетрин Рамлер и Аријана де Ротшилд. Сегашниот директор на ЦИА, кој тогаш беше заменик државен секретар, во 2014 година, три пати се сретнал со сексуалниот престапник.

Двајцата прво се сретнале во Вашингтон, а потоа Барнс ја посетил градската куќа на Епштајн на Менхетен. Портпаролката на ЦИА, Тами Куперман, рече дека Барнс се сретнал со Епштајн додека тој требало да ја напушти државната служба и дека не знаел ништо за милијардерот.

Како што изјавила, Епштајн му бил претставен на Барнс како експерт во секторот за финансиски услуги. Американскиот лингвист Ноам Чомски исто така имал закажана вечера во градското собрание со Епштајн во 2015 година.

Тој за „Волстрит журнал“ рече дека разговарал за политички и академски теми со Епштајн.

„Го познавав и се среќававме повремено“, рече Чомски.

Аријана де Ротшилд, директорката на швајцарската банка „Едмонд де Ротшилд“, имала голем број состаноци со Епштајн кој од неа побарал помош за вработување луѓе. Во септември 2013 година, Епштајн ja замолил преку мејл да му помогне да најде нов асистент.

По можност да биде жена, да биде организирана и да знае повеќе јазици.

„Ќе се распрашам“, му одговорилa таа.

Кетрин Рамлер, советник во Белата куќа во администрацијата на Барак Обама, имаше десетици средби со Епштајн. Таа се сретна со него откако служеше во Белата куќа и пред да стане постар советник во групацијата Голдман Сакс во 2020 година.

Според објавените документи, Рамлер требало со Епштајн да го посетат во 2015 година, а потоа и неговиот приватен остров на Карибите во 2017 година. Нејзиниот портпарол рече дека Рамлер не патувала со Епштајн, туку дека ја запознал преку потенцијални клиенти.

Меѓу нив бил и ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.

„Жалам што некогаш го сретнав Џефри Епштајн“, рече Рамлер.

Во документите се споменува и Леон Ботштајн, претседател на колеџот Бард, кој го поканил Епштајн во кампусот каде што милијардерот наводно донел група млади гости. Ботштајн за „Волстрит журнал“ рече дека се сретнал со Епштајн за да добие донација од него за колеџот.

Ниту едно од овие имиња не се појавува во веќе објавената црна книга на Епштајн, во која се забележанио контактите или јавни записи за летовите на неговиот приватен авион, пишува „Волстрит журнал“. Весникот додава дека Епштајн договорил повеќе состаноци со секој од нив.

Состаноците се случиле откако отслужил затворска казна во 2008 година и откако се регистрирал како сексуален престапник. Документите, сепак, не ја откриваат целта на повеќето состаноци.

„Волстрит журнал“ не можеше да потврди дали секој закажан состанок на крајот се одржал. Повеќето од вмешаните за американскиот весник изјавиле дека се сретнале со Епштајн поради неговото богатство и врски, додека неколку од нив верувале дека тој ја отслужил казната и се рехабилитирал.

За потсетување Џефри Епштајн, почина во 2019 година под сомнителни околности. Тој се обеси во затворската ќелија на Менхетен додека го чекаше судењето под обвинение дека во периодот од 2002 до 2005 година донел десетици малолетни девојчиња во своите куќи во Флорида и Менхетен.

Таму им платил илјадници долари за сексуални услуги. Некои од нив имале само 14 години. За да ги избегне федералните обвиненија, се изјасни за виновен во 2008 година на државно ниво во Флорида, каде беше обвинет за подведување и користење на услугите на лице под 18 години за проституција.

The post Директорот на ЦИА вмешан во скандал, се среќавал со Епштајн откако бил регистриран како сексуален престапник appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK