Велешката полиција денеска нешто пред пладне го пронајде и го уапси 29 годишниот А.Н. кој завчера нешто после 22 часот со патничко возило „мерцедес” со велешки регистарски ознаки удри во мајка и ќерка по што 11 годишното девојче почина а мајката се здоби со тешки повреди. По предизвикување на несреќата возачот избега од местото на настанот.
Полицијата го уапси возачот што го прегази 11 годишното девојче во Велес
„Лицето е приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од МВР.
Следете не, не има насекаде