ноември 21, 2024

На 11 декември 2022 македонската опера се прости од првенката на македонската опера и балет Анастасија Низамова Мухиќ. Оперската дива беше вљубеник во планините, почина на денот на кој се одбележува меѓународниот Ден на Планината со темата „жените ги движат планините“. 

ИН МЕМОРИАМ: Анастасија Низамова Мухиќ

Анастасија Низамова Мухиќ беше певица, мецосопран, првенка на Операта на МНТ. Дипломирала солопеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. К. Трпков), а специјализирала во Италија. Дебитирала на оперската сцена на МНТ со улогата на Ненси во операта Алберт Хе-ринг. Во МНТ е од 1972 година.

Таа е носителка на повеќе од 20 насловни и повеќе споредни улоги од својот фах, во кои демонстрира музикалност и темперамент во сценската изведба. Позначајни улоги: Орфеј (Орфеј и Евридика), Керубин (Свадбата на Фигаро), Ацучена (Трубадур), Адалџиза (Норма), Амнерис (Аида), Кармен, Розина (Севилскиот бербер), Мадалена (Риголето), Улрика (Бал под маски), Ирена (Цар Самуил).

Настапувала и на концертниот подиум со соло-рецитали, во вокално-инструментални дела и во областа на забавната музика – како интерпретатор на џез-композиции и спиритуали. Гостувала во Канада, САД, Полска, Русија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK