На 20.11.2024 во 17 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.К.(31) од с.Средно Коњари, скопско.
При претрес во неговото патничко возило „бмв“, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени автоматска пушка, пиштол „Чешка зброевка“, еден карабин со оптички нишан и куршуми.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
The post Претрес во Средно Коњари: Пронајдено оружје, уапсено едно лице appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде