мај 17, 2026

Костури кои многу наликуваат на вонземјани се откриени во Квинсленд, Австралија. Коските ги пронашла Боби Ли, додека шетала покрај брегот, а фотографиите ги објавила на фејсбук страната за морска биологија. Рече дека барала одговори за да ја разреши мистеријата.

„Налетав на овие костури па сакам да добијам одговор од некој кој би можел да знае за што станува збор“, напиша таа.

Фотографиите поттикнаа жестока дебата за тоа дали посмртните останки се на животно, човек или можеби на сирена. Долгиот дел од опашката или ногата изгледаат како да има дополнителни зглобни делови каде што би се закачила друга коска. Черепот е кружен, а ребрата се во форма на човек.

Некои коментираа дека станува збор за морско суштество или можеби кенгур, додека повеќемината биле збунети.

„Тој череп и ребра навистина се збунувачки и шокираат. Морничаво, но сега сум љубопитен“, коментираа некои од нив.

Професор на Универзитетот Џејмс Кук, Хелен Марш, верувал дека станува збор за распаднат морски цицач, најверојатно фока. Други пак ја видоа смешната страна и веруваат дека е сирена.

„Тоа е Ариел“, се пошегува еден од нив.

The post Костури во налик на вонземјани откриени на плажа во Австралија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK