октомври 15, 2024

Во главите на грчките и на бугарските теоретичари на заговор, ние сме создадени за нивно уни штување, односно за реприза на настаните од антиката кога кралот Филип Втори ги покорил Грција и Тракија создавајќи сојуз со други земји…

Мaкедонија во теориите на заговор: Како не создадоа за да ги уништиме Бугарија и Грција

Скопјаните ја создадоа оваа криза (спорот за името) против Грција. Тие сакаат да создадат Голема Македонија, но во моментов не се во состојба да го спроведат тоа на дело. Но, иако изгледа дека се откажале од оваа идеја, ова прашање ќе се појави и во иднина. Секако, Скопјаните не ја почнаа кризата сами. Зад нив стојат Германија или Англија“.

„Американците ја создадоа скопската држава како база за нивната илегална трговија со дрога и оружје. На тој начин тие работат низ целиот свет, нема кој да им се спротивстави. Скопје им служи како кукла и фабрика за перење пари. Тие сакаат да ги влечат луѓето за нос, ама ние (Грците) не даваме да нѐ влечат за нос. Можеби изгледаме како да не ни е гајле, но, од друга страна, ние не сме луѓе што не гледаат сериозно на вакви проблеми. Е, сега не мислам дека еден куп Цигани таму (во Скопје) се некаква закана за нас. Овде се игра една игра на повисоко ниво“.

„Спорот за името е во најдобар интерес на империјалистичките сили, на финансиските центри и, воопшто, на капитализмот за да се кон- тролираат работниците, за државите да се цепкаат на мали земји. Поради тоа беше дезинтеграцијата на Југославија. Се воспоставува нов светски поредок. Ние ги имаме Скопје, Албанија и Турција, кои се непријателски расположени кон нас. Мислам дека сето тоа е дело на капитализмот, така тој се одржува во живот“.

Трите пасуси не се дел од некаква анкета направена по атинските улици од некој млад недозреан репортер, туку мислења на, верувале или не, политички функционери на главните поли- тички партии во Грција! Ова истражување, со користење стручни методи, е објавено годинава од проф. д-р Сузан Кондор од Универзитетот „Лоубороу“, Велика Британија, и од проф д-р Антонис Сапунцис, социјален психолог од Универзитетот „Демокрит“ во Тракија, Грција.

И додека македонските граѓани го доживуваат спорот со името како грчки инает и изживување, ова истражување покажува дека Грците мислат дека си имаат работа со самиот Сатана (Скопје), кој заедно со други мрачни сили (Големите сили) сковал заговор за уништување на Грција и за создавање Голема Македонија.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПОДОЛУ НА СТРАНАТА 2 КАДЕ ШТО ЌЕ НАЈДЕТЕ МНОГУ КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ НА ОВАА ТЕМА

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK