мај 17, 2026

Штотуку заврши сослушувањето на момчето убиец кое на 3 мај уби девет врсници и обезбедувачот во основното училиште „Владислав Рибникар“ кое го следеа и родителите на убиените деца.

– На рочиштето присуствуваа адвокатите на семејствата, тројца родители од две семејства, бранителот на таткото на момчето, како и обвинителот на Вишото јавно обвинителство, кој го водеше испитувањето. Момчето било сослушано преку видео врска и одговорило на сите прашања во врска со постапката против неговиот татко за тешко кривично дело против општата безбедност – потврдија за Курир.

Сослушувањето траеше четири часа. Родителите на жртвите видно потресени ја напуштија судницата.

По излегувањето од судницата, адвокатот кој го застапува таткото на момчето-убиец за Курир изјави дека момчето го потврдило тоа што неговиот татко го кажал претходно за време на рочиштето.

– Детето на рочиштето го потврди тоа што таткото претходно го изјави и објасни за начинот на кој таткото го чувал оружјето. Тој изјавил дека татко му првиот пат не му дозволувал да има контакт со оружјето. Момчето изрази каење за се што направи – изјави адвокатот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK