мај 17, 2026

Екстремно високите температури на воздухот во земјава влијаат на здравјето на граѓаните. Итната медицинска помош вчера и денеска бележи зголемен број на извршени интервенции за разлика од викендот. До денеска попладне било интервенирано во 36 случаи. Според информациите од итната медицинска помош, станува збор за лица повредени во сообраќајни несреќи, несвестици, зголемен крвен притисок, а медицинските екипи интервенирале и за помош при пожар во Маџари.  

-Вчера се бележи зголемен број на извршени интервенции за разлика од викендот. Имало седум сообраќајки и пет колапси. Денеска до попладнево се реализирани 36 интеревенции. Имало пациенти кои паднале во несвест, пожар во Маџари, има многу сообраќајни несреќи, покачен крвен притисок…. 

Препораките до граѓаните се вообичаени за вакво време, да се носи светла облека, да се консумира многу течности, да се избегнува извршување работи на отворено. 

Инаку,  пред викендот кога почна топлотниот бран, во просек до итната медицинска помош имало 250 до 350 повици.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK